ЛУБ “Благој Јанков Мучето” за потребите на своите читатели врши и меѓубиблиотечно позајмување на библиотечен материјал од останатите библиотеки во Македонија. Тоа значи дека дури и оние изданија и печатени материјали кои не ги поседува библиотеката сепак можат да им бидат достапни на читателите најмногу 15 дена. При вршењето ваква услуга, читателот е должен да ги плати само поштенските трошоци при враќање на книгата.