Во рамките на литературната манифестација

„СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“

Во соработка со ПРОСВЕТНО ДЕЛО Скопје,

Библиотеката „БЛАГОЈ ЈАНКОВ МУЧЕТО“ Струмица

организира еднодневно советување за библиотекари на тема:

БИБЛИОТЕКАТА ТЕМЕЛ НА ПИСМЕНОСТА.

Ден: 06.06.2019год.

Час: 12:00

Место: Центар на културата „Антон Панов“ Струмица, мала сала.

Секој учесник има можност да пријави своја дискусија, најдоцна до26.05. 2019 година на електронската пошта на библиотеката. Обраќањето не треба да биде подолго од 10 минути. Сите пријавени дискусии во пишана верзија ќе бидат објавени во електронски зборник.

Ве молиме потврдете го вашето учество најдоцна до 02.06.2019 година, на електронската пошта на Библиотеката, маил адреса: bibliotekastrumica@yahoo.com

Ве очекуваме

Темел на писменоста – трудови