“СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ’

“СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ’

Литературната манифестација

„СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“ 2022

Советување на тема:

„БИБЛИОТЕКАТА – ТЕМЕЛ НА ПИСМЕНОСТА“

со работна тема:

„Спроведување добри практики во библиотечната дејност“.

Ден:  7.06.2022 Час: 13.00

Место: НУЦК „Антон Панов“,Струмица (мала сала)

Агенда:

– Свечено отворање на Литературната манифестација

„СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“ 2022

–  Свечено доделување на признанието Библиотекар на годината “Павлина Цунева Маказлиева” 2022

– Советување на тема “Библиотеката темел на пусменоста”

– Предавачи:

– проф. д-р Виолета Мартиновска

– м-р Жаклина Ѓалевска

– Елизабета Трпческа Петрушевска

-Презентирање на пријавени дискусии

„БИБЛИОТЕКАТА – ТЕМЕЛ НА ПИСМЕНОСТА“ –Трудови

К о н к у р с

Комисијата во Локалната установа библиотека “Благој Јанков – Мучето“ – Струмица, по
повод карневалската манифестација во Струмица распишува:
К о н к у р с
за литературна творба (поезија и проза)
на тема:
КАРНЕВАЛСКА МАГИЈА
Со литературни творби (поезија и проза) посветени на Карневалот во
Струмица, може да се конкурира во три категории:
1. Ученици од основните училишта;
2. Ученици од средните училишта и
3. Возрасни автори
За секоја од трите категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите во категориите за ученици од основните и средните училишта се
состојат од диплома и вредносен предмет (книги). Наградите во категоријата возрасни
автори се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Литературните творби посветени на карневалот треба да се достават во 3 (три)
печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават
податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата
и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана
адресата: ЛУБ “Благој Мучето“ Струмица ул. „Благој Мучето“ бр. 26 Струмица, со назнака
на горниот десен агол За литературен конкурс.
Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата од вработени во ЛУБ “Благој
Јанков Мучето“ Струмица.
Конкурсот трае заклучно со 26 (петок) февруари 2021 година. Творбите доставени
по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 11 март 2021 год. во 12 часот во Локалната
установа библиотека “Благој Јанков – Мучето“ во Струмица.
Дополнителни информации на тел:
– ( 034) 349-040 – ЛУ Библиотека „ Благој Мучето“ Струмица
– Комисија од ЛУБ,,Благој Јанков Мучето,,
Струмица 2021 година Директор
Тања Гошева, библиотекар советник

Соопштение

Додека трае вонредната состојба ЛУБ “Благој Јанков Мучето” нема да работи
24 март, 2020 г.

Поради епидемијата на коронавирусот – Ковид 19 се додека трае вонредната состојба ЛУБ “Благој Јанков Мучето” Струмица ќе биде затворена.

Владата на Република Северна Македонија, на 25-тата седница од 21 март 2020, покрај усвоените заклучоци, во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста KОВИД-19 , донесе и заклучок со кој се утврдува дека сите донесени заклучоци на Владата со кои се даваат мерки, препораки и насоки за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија.

„СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“

Во рамките на литературната манифестација

„СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ – ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“

Во соработка со ПРОСВЕТНО ДЕЛО Скопје,

Библиотеката „БЛАГОЈ ЈАНКОВ МУЧЕТО“ Струмица

организира еднодневно советување за библиотекари на тема:

БИБЛИОТЕКАТА ТЕМЕЛ НА ПИСМЕНОСТА.

Ден: 06.06.2019год.

Час: 12:00

Место: Центар на културата „Антон Панов“ Струмица, мала сала.

Секој учесник има можност да пријави своја дискусија, најдоцна до26.05. 2019 година на електронската пошта на библиотеката. Обраќањето не треба да биде подолго од 10 минути. Сите пријавени дискусии во пишана верзија ќе бидат објавени во електронски зборник.

Ве молиме потврдете го вашето учество најдоцна до 02.06.2019 година, на електронската пошта на Библиотеката, маил адреса: bibliotekastrumica@yahoo.com

Ве очекуваме

Темел на писменоста – трудови

К О Н К У Р С

Благој Јанков Мучето” – Струмица

ул.Благој Мучето бр.26 2400 Струмица

тел. 034/349-040, 034/349-042

email: bibliotekastrumica@yahoo.com

www.bibliotekastrumica.org.mk

К О Н К У Р С

Се повикуваат сите вљубеници на пишаниот збор да земат учество на наградниот конкурс кој традиционално го распишува Локалната установа библиотека ,,Благој Јанков Мучето” Струмица по повод родениот ден на нашиот трагично починат претседател и сограганин Борис Трајковски на тема:

ДА ГРАДИМЕ МИР“

поетска и прозна литературна творба

За најдобрите состави во три категории се предвидуваат:

– една I награда

– една II награда

– една III награда

за ученици од основно образование

за ученици од средно образование

за студенти и возрасни творци

Конкурсот го објавуваме и ќе трае до 07 јуни 2019 година.

Творбите да се достават во Локалната установа библиотеката ,,Благој Јанков Мучето’’Струмица најдоцна до 07 јуни 2019 година.

Се известуваат сите учесници на наградниот конкурс, само темите исчукани на машина (компјутер) ќе бидат земени во обзир за учество на конкурсот, потпишани со шифра, а во друго плико да биде напишано името на учесникот и шифрата. Потоа ќе биде формирана комисија за евалуација на творбите, а наградените учесниците навреме ќе бидат известени.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 25 јуни 2019 година во Струмица, а за тоа добитниците на наградите навремено ќе бидат известени пред доделувањето на наградите.

Струмица, 13.05.2019

Директор

Тања Гошева

Конкурс по повод Карневалот во Струмица

Комисијата при Локалната установа библиотека “Благој Јанков Мучето“ Струмица, по повод Карневалот во Струмица распишува:

К о н к у р с
За доделување на награди за литературна творба (поезија и проза)
посветена на Карневалот во Струмица на тема:
“Приказна под маска“

Со литературни творби (поезија и проза) посветени на Карневалот во Струмица, може да се конкурира во три категории и тоа:

1. Ученици од основните училишта
2. Ученици од средните училишта
3. Возрасни автори

За секоја од трите категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите во категориите за ученици од основните и средните училишта се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Наградите во категоријата “возрасни граѓани” се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Литературните творби посветени на Карневалот треба да се достават во 3 (три) печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана адресата: ЛУБ “Благој Мучето“ Струмица ул. „Благој Мучето“ бр. 26 Струмица, со назнака на горниот десен агол „Конкурсот за доделување на награда за литературен состав посветен на Карневалот во Струмица“ и шифрата.
Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата од вработени во ЛУБ “Благој Јанков Мучето“ Струмица.
Конкурсот трае заклучно со 21 (четврток) 02. 2019 година. Творбите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 07. 03. 2019 год. во 12 часот во Локалната установа библиотека “Благој Јанков Мучето“ Струмица.

Дополнителни информации на тел:
( 034) 349-040 – ЛУ Библиотека „ Благој Мучето“ Струмица
Комисија од ЛУБ,,Благој Јанков Мучето,,
Струмица 2019 година

Директор
Тања Гошева, библиотекар советник

ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИЈА

На 20 декември 2018 година (четврток) во 14 часот, во ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица, Ве покануваме на промоција на книгите „Проповедничка енциклопедија“, „Животот на Пресвета Богородица и нејзините чудотворни икони“ и Трилогијата „Св. Филарет Московски“ – беседи и проповеди.

На промоцијата ќе се обрати епископот полјански г. Јаков

Директорката на ЛУБ „Благој Мучето“ г-ѓа Тања Гошева

Преведувач Гонца Запрова Анастасова

По повод Денот на заштитниците на Струмица Св.15 Тивериополски Свештеномаченици

По повод Денот на заштитниците на Струмица

Св.15 Тивериополски Свештеномаченици

со задоволство Ве покануваме

 

12:00часот: Реч за Св.15 Тивериополски Свештеномаченици

12:05 часот: Доделување на награди и дипломи од литературниот конкурс посветен на Св.15 Тивериополски Свештеномаченици

  • наградени ученици од основни училишта
  • наградени ученици од средни училишта
  • наградени возрасни творци

  12:35 часот: Доделувањенагради и пофалници на најдобри читатели во одделот за деца, доделувањенагради и пофалници на најдобри читатели во одделот за воздрасни

12:45 часот: Доделување награди, дипломи и пофалници на ученици од основните училишта, за учеството на Општинскиот натпревар „Млади Библиотекари“2018год.

 

Млади библиотекари

Фотографии од општинскиот натпревар “Млади библиотекари” кој се одржа во просториите на нашата библиотека на 31 октомври 2018 година.

И победникот на натпреварот Трајче Манчевски од ООУ ”Никола Вапцаров” Струмица