• септември 19, 2024
  • 10:00
  • Струмица

Почитувани,

Ве покануваме да бидете дел од Форумот „Размена на идеи за добри практики“ кој ќе се одржи на 19 септември (четврток) 2024 година, а го организира ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ – Струмица.

Теми на кои можете да ги пишувате вашите трудови се:

  • Одржлив развој и пронаоѓање нови начини за финансирање на библиотеките;
  • Споделување добри практики во работењето на библиотеките;
  • Авторско право и сродни права: примена на прописите во библиотеките;
  • Зелени библиотеки;
  • Библиотеките некогаш и сега;
  • Библиотеките во дигиталниот простор;
  • Улогата и значењето на издавачката дејност во библиотеките;
  • Библиотерапија;
  • Награди и признанија кои ги доделуваат библиотеките;
  • Користење стандарди, стратегии, методи и ергономија во библиотеките.

 

Ве молиме да ни го испратите целиот текст најдоцна до 30.8.2024 година, на е-пошта bibliotekastrumica@yahoo.com

Лица за контакт: м-р Аница Глигорова Милева, библиотекар-советник тел. 072-254-753 и м-р Гонца Запрова Анастасова, виш библиотекар тел. 078-433-135

Организацискиот одбор ќе ги извести авторите на одобрените трудови до 10.9.2024 година. За сите присутни на Форумот ќе има сертификат, а трудовите ќе бидат објавени во е-зборник.

Го очекуваме вашето активно учество и интерес!

Струмица                                                                                               в.д директор

         3.7.2024                                                                                              Денис  Мустафов