Сите членови на ЛУБ “Благој Јанков Мучето” имаат можност и право да го користат  целокупниот книжен фонд со кој располага библиотеката. Ограничување во користењето на книжниот фонд постои, а истото се однесува на енциклопедиските изданија, на ретките и стари книги и на изданијата од поголема финасиска вредност. Ова ограничување се превзема како превентива за заштитување на реткиот и скапиот книжен материјал.

      Во користењето книжен фонд јасно Ви е предочено дека ако читателот сака да позајми книга од белетристиката, се изнајмува само една книга и не повеќе од 14 дена. Постои можност за продолжување на лектирни изданија само уште еднаш, но не повеќе од 10 дена со лично доаѓање, продолжување со телефонско јавување и на е-маил: bibliotekastrumica@yahoo.com, aко корисникот не се најави, се наплаќа задоцнина . За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надоместок.
Книги се изнајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката.
Напомена: Членската карта може да ја користи само носителот на кого таа гласи и има важност 1 (една) година од денот на уписот. Корисникот е должен да ги почитува правилата на Библиотеката.