Библиотекарството во Струмица има долга традиција. Иако токму библиотеките се чувари на вековните духовни и интелектуални дострели на човекот, на автентични историски показатели за постоење библиотечните фондови се среќаваме дури во 1927 година, во Струмица е формирано друштво ,,Реља Крилатица” кое развивало културно -просветна дејност. Во првата половина на мај 1941 година на иницијатива на окупаторските власти во Струмица е формирано читалиштето ,,Гоце Делчев”. Формирањето на ова читалиште се карактеризира со компромисна борба од членовите на КПЈ и напредните луѓе на Струмица, за да не дозволат организирана антимакедонска и профашистичка дејност.
Наредната година 1946 година, е значајна за библиотекарството во Струмичкиот крај. Формирана е Општинската матична библиотека,,Благој Јанков Мучето” Струмица како градска народна библиотека,,Благој Јанков Мучето”. Всушност, тоа се првите организирани чекори на библиотекарството во овој крај. Поради честите менувања на просторијата во која била сместена библиотеката веројатно се губат писмените документи за развој и работата на библиотеката до 1950 година, во тој период библиотеката располагала со библиотечен фонд од 2.500 книги, една просторија од 40 – 60 редовни читатели и годишен буџет од 500 до 700 денари од основачот – Градскиот народен одбор на Струмица.1951 претставува пресвртница во развојот на Библиотеката и библиотекарството во струмчкиот крај со доаѓањето на Слободан Карикиров -прв стручен библиотекар. Во 1952 оваа културна институција е прогласена за буџетска со редовен буџет од 2.600 денари. Во текот на таа година Библиотеката ја организира и својата прва изложба на книги која е посетена од преку 2000 ученици и граѓани. Во 1956 год. значајно е со реализирањето на 3 редовни вработени библиотекари. Во 1961 година прераснува во матична библиотека. Од 1978 година е сместена во сопствен објект со површина од 600 м2. Во 2006 година е подржана од проектот на УНДП ,,Пријателски библиотеки за сите грагани финансиран од Кралството Норвешка и со 20% учество на Општина Струмица е реновиран и адаптиран долниот кат од библиотеката . Просторот од 200 м2 кој го користат читателите односно граѓаните на библиотеката е во ново руво како што доликува, на една убава современа библиотека.