Печатење

Читателите покрај другите услуги можат да ги користат и печатачите во библиотеката. Печатењето на материјалот може да се врши во црно-бело (10 ден. од страна) или во боја (20 ден. од страна) во зависност од потребите на читателите.

Скенирање

Читателите во библиотеката можат да  скенираат  одреден библиотечен материјал (30 ден. од страна).

Копирање

Библиотечниот материјал кој што не може да се изнесе надвор од библиотеката (енциклопедии, речници и сл.), читателите можат да го фотокопираат во библиотеката. Читетелите за оваа услуга плаќаат по пропишаниот ценовник за услуги во библиотеката, најмногу до 100 страници(А4 еднострано 3 ден. – двострано 5 ден.; А3 еднострано 6 ден. – двострано 10 ден.).