Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право во ЛУБ “Благој Јанков Мучето” Струмица

Вчера, во ЛУБ “Благој Јанков Мучето” во Струмица, беше обележан Светскиот ден на книгата и авторското право.

Во соработка со ООУ “Видое Подгорец”, учениците од 3 одделение и подарија на библиотеката цртежи и корици на книга.

Во голема мера заслуга имаат учителката Соња Цицимова и дефектологот Тања Црвенковска.

Доделување на награди за литературен конкурс од страна на ЛУБ,,Благој Јанков Мучето,, Струмица на тема “ Карневал “

Сега е ред маска да се стави.
Карневалот Струмички да се просалави.
Земавте удел во оваа навика стара
генот словенски искони бара.
Се престоривте во тоа што на јаве не сте,
она што в сонот желание ил ваша вест е!
Перото в рака и испишавте чуда
оти, ниту една мисла за пригодава не е луда!

Почитувани гости, почитувани учесници на конкурсот, почитувани наградени, Ви благодариме за тоа што не почестивте со учеството и со Вашето присуство на оваа карневалска свеченост!

По традиционалниот литературен конкурс од страна на ЛУБ,,Благој Јанков Мучето,, Струмица на тема “ Карневал “ беше објавен на ден 11.01.2018 год. до сите основни и средни училишта во Струмица и до библиотеките ширум Р.Македонија. Kонкурсот траеше до 08.2.2017 год. Во библиотеката пристигнаа вкупно 37 литературни творби. Во категоријата ученици од основните училишта од 1 до 9 одделение пристигнаа 22 творби, во категоријата ученици од средните училишта 8 творби, а во категоријата возрасни творци 7 творби.
На 11.2.2018 год. жири – комисијата во состав: Тања Гошева советник библиотекар, м-р Аница Милева Глигорова виш библиотекар, м-р Наташа Василевска- Трајчевска виш библиотекар, по прочитување на творбите имаа тешка задача и одлучија да ги наградат учесниците и тоа во следниве категории:

Во категорија наградени од прво до деветто одделение

Диплома за прва награда за Трајче Манчевски , седмо одделение ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица.
Пофалница за ментор Љубица Манолева, проф. по Македонски јазик

Диплома за втора награда за Тиме Крстев, осмо одделение ООУ „Видое Подгорец“
Пофалница за ментор Луиза Малинова, проф. по Македонски јазик

Диплома за втора награда Снежана Лазаревска , петто одделение ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица.
Ментор Вера Делева, одделенски наставник

Диплома за трета награда за Мартина Јанакева, седмо одделение ООУ „Маршал Тито“ Струмица
Ментор Марија Челебиева, проф. по Македонски јазик

Во категорија наградени средношколци

Диплома за прва награда за Васка Ангелова втора година СОУУД,,Димитар Влахов,, Струмица
Ментор проф. Јасмина Ангова СОУУД,,Димитар Влахов,, Струмица

Диплома за втора награда за Сандра Шуклева, прва година ПСУ ,,Јахја Кемал,, Струмица
Ментор Марија Брндевска проф. ПСУ ,,Јахја Кемал,, Струмица
Диплома за трета награда Бојана Здравева четврта година ПСУ ,,Јахја Кемал,, Струмица

Ментор Снежана Недева проф по Македонски јазик
Во категорија наградени возрасни творци
Диплома за прва награда Ице Беличев проф по македонски јазик
Диплома за втора награда Блашка Стојкова Кочани

Карневалот е струмичка традиција, а Струмица позната во светот по Карневалот! Нашето препознатливо богатство,па така сите ние сме дел од годинешниот карневал. Ви благодариме!

Догодина здрави и живи повторно да наградуваме!

Предновогодишна посета на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Василево

По повод Новата година и Божиќните празници учениците од ООУ “Гоце Делчев” Василево ја посетија ЛУБ “Благој Јанков Мучето” Струмица и од директорката Тања Гошева се запознаа со работата на библиотеката, услугите кои ги нуди библиотеката и другарувањето со книгата.

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА ЛИТЕРАТУРНИ СОСТАВИ И ПОЕМИ ПОСВЕТЕНИ НА ГРАДОТ!

Во нашата библиотека беа доделени наградите за литературни состави и поеми посветени на градот, како дел од свеченостите со кои општина Струмица годинава го одбележа Денот на заштитниците на градот „Св.15 Тивериополски Свештеномаченици“.

На распишаниот конкурс пристигнаа вкупно 90 творби од учениците од општинските средни, основни училишта и од возрасни автори.

Жири комисијата одлучи првата награда за најдобар литературен состав посветен на градот Струмица во категоријата за возрасни автори да и ја додели на Ице Беличев, проф. во СОУ,,Никола Карев“ – Струмица.

Во категоријата основни училишта од 6-9 одделение, првата награда ја доби Македонка Митева, ученичка во основното училиште ООУ,, Гоце Делчев“, с. Василево, а од средните училишта најдобар беше трудот на Марија Спасова ,ученичка во општинското средно училиште СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица!

Беа доделени и дипломите и пофалниците за наградените од натпреварот „Млади библиотекари 2017“ , а ги избравме и најредовните читатели кои се здобија со бесплатно членство во претстојната година.