Во нашата библиотека беа доделени наградите за литературни состави и поеми посветени на градот, како дел од свеченостите со кои општина Струмица годинава го одбележа Денот на заштитниците на градот „Св.15 Тивериополски Свештеномаченици“.
На распишаниот конкурс пристигнаа вкупно 90 творби од учениците од општинските средни, основни училишта и од возрасни автори.
Жири комисијата одлучи првата награда за најдобар литературен состав посветен на градот Струмица во категоријата за возрасни автори да и ја додели на Ице Беличев, проф. во СОУ,,Никола Карев“ – Струмица.
Во категоријата основни училишта од 6-9 одделение, првата награда ја доби Македонка Митева, ученичка во основното училиште ООУ,, Гоце Делчев“, с. Василево, а од средните училишта најдобар беше трудот на Марија Спасова ,ученичка во општинското средно училиште СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица!
Беа доделени и дипломите и пофалниците за наградените од натпреварот „Млади библиотекари 2017“ , а ги избравме и најредовните читатели кои се здобија со бесплатно членство во претстојната година.