Благој Јанков Мучето” – Струмица

ул.Благој Мучето бр.26 2400 Струмица

тел. 034/349-040, 034/349-042

email: bibliotekastrumica@yahoo.com

www.bibliotekastrumica.org.mk

К О Н К У Р С

Се повикуваат сите вљубеници на пишаниот збор да земат учество на наградниот конкурс кој традиционално го распишува Локалната установа библиотека ,,Благој Јанков Мучето” Струмица по повод родениот ден на нашиот трагично починат претседател и сограганин Борис Трајковски на тема:

ДА ГРАДИМЕ МИР“

поетска и прозна литературна творба

За најдобрите состави во три категории се предвидуваат:

– една I награда

– една II награда

– една III награда

за ученици од основно образование

за ученици од средно образование

за студенти и возрасни творци

Конкурсот го објавуваме и ќе трае до 07 јуни 2019 година.

Творбите да се достават во Локалната установа библиотеката ,,Благој Јанков Мучето’’Струмица најдоцна до 07 јуни 2019 година.

Се известуваат сите учесници на наградниот конкурс, само темите исчукани на машина (компјутер) ќе бидат земени во обзир за учество на конкурсот, потпишани со шифра, а во друго плико да биде напишано името на учесникот и шифрата. Потоа ќе биде формирана комисија за евалуација на творбите, а наградените учесниците навреме ќе бидат известени.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 25 јуни 2019 година во Струмица, а за тоа добитниците на наградите навремено ќе бидат известени пред доделувањето на наградите.

Струмица, 13.05.2019

Директор

Тања Гошева