• јуни 1, 2018
  • 14:43
  • Струмица

Во организација на Младински совет – Струмица, а во соработка со Академија “АБЦ’, Локална установа Библиотека “Благој Јанков -Мучето” и “СИМ Комапани”, од 01.06 (петок) до 03.06 (недела) на градскиот плоштад “Гоце Делчев”, ќе се одржи саем на книгата под мотото “Aјде да читаме”. На саемот ќе бидат изложени книги од повеќе издавачки куќи и тоа: Култура, Наша култура, Антолог, Феникс, Сан ан книги, Матица, Три, Топер, Арс Ламина и други.
Како и минатата година, така и годинава, Саемот на книгата ќе се одржи со поддршка од Општина Струмица.