• јуни 22, 2018
  • 08:21
  • Струмица
Врз основа на повикот кој беше отворен за јавните библиотеки од Република Македонија за учество во програмата „Воведување на кариерно водење како нова услуга во библиотеките“ избрани се следните библиотеки:
– Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје
– Национална установа Центар за култура АСНОМ од Гостивар / библиотека
– ОУМБ „Кочо Рацин“ Пехчево 
– НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид
– ГБ „Борка Талески“ Прилеп
– НУУБ „СВ. Климент Охридски“ Битола
– ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица
– ОНБ „Браќа Миладиновци“ Радовиш
– НУ- Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ Штип
– Библиотека при Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и др. проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола

Библиотекари од наведените библиотеки ќе бидат дел од дводневната обука за кариерно водење која ќе се одржи во Струмица на 22 и 23 јуни.