Комисијата во Локалната установа библиотека “Благој Јанков – Мучето“ – Струмица, по
повод карневалската манифестација во Струмица распишува:
К о н к у р с
за литературна творба (поезија и проза)
на тема:
КАРНЕВАЛСКА МАГИЈА
Со литературни творби (поезија и проза) посветени на Карневалот во
Струмица, може да се конкурира во три категории:
1. Ученици од основните училишта;
2. Ученици од средните училишта и
3. Возрасни автори
За секоја од трите категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите во категориите за ученици од основните и средните училишта се
состојат од диплома и вредносен предмет (книги). Наградите во категоријата возрасни
автори се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Литературните творби посветени на карневалот треба да се достават во 3 (три)
печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават
податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата
и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана
адресата: ЛУБ “Благој Мучето“ Струмица ул. „Благој Мучето“ бр. 26 Струмица, со назнака
на горниот десен агол За литературен конкурс.
Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата од вработени во ЛУБ “Благој
Јанков Мучето“ Струмица.
Конкурсот трае заклучно со 26 (петок) февруари 2021 година. Творбите доставени
по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 11 март 2021 год. во 12 часот во Локалната
установа библиотека “Благој Јанков – Мучето“ во Струмица.
Дополнителни информации на тел:
– ( 034) 349-040 – ЛУ Библиотека „ Благој Мучето“ Струмица
– Комисија од ЛУБ,,Благој Јанков Мучето,,
Струмица 2021 година Директор
Тања Гошева, библиотекар советник