Сите членови на ЛУБ “Благој Јанков Мучето” имаат можност и право да го користат  целокупниот книжен фонд со кој располага библиотеката. Ограничување во користењето на книжниот фонд постои, а истото се однесува на енциклопедиските изданија, на ретките и стари книги и на изданијата од поголема финасиска вредност. Ова ограничување се превзема како превентива за заштитување на реткиот и скапиот книжен материјал.

      Во користењето книжен фонд јасно Ви е предочено дека ако читателот сака да позајми книга од белетристиката, се изнајмува само една книга и не повеќе од 15 дена. Постои можност за продолжување на лектирни изданија само уште еднаш, но не повеќе од 15 дена со лично доаѓање или продолжување со телефонско јавување. Ако корисникот не се најави, се наплаќа задоцнина уште по 5 денари на ден. За загубена книга корисникот е должен да врати иста таква или да плати соодветен надоместок.
Книги се изнајмуваат лично само со членска карта. За изгубена членска карта се известува Библиотеката.
Напомена: Членската карта може да ја користи само носителот на кого таа гласи и има важност 1 (една) година од денот на уписот. Корисникот е должен да ги почитува правилата на Библиотеката.