Искористувањето на кадровскиот потенцијал е од есенцијално значење за работата на секоја библиотека. Ова прашање посебно се потенцира бидејки пред  библиотеката претстои период на големи трансформации во работењето. Таа, од класично место каде се позајмуваат книги, во наредните години ќе се трансформира во информативен центар со далеку поширок делокруг на работа. Затоа Библиотеката во наредниот период ќе се ориентира кон маркетиншко работење, т.е ќе се труди да ги открива и задоволува потребите на граѓаните за библиотечно – информациски услуги. Библиотечната дејност бара простор, опрема и фондови, а ефектите од работењето се долгорочни и не се лесно мерливи. Од друга страна оваа дејност има важна задача, а тоа е подигнување на културното и образовното ниво на граѓаните.